Комисијата смета дека учениците треба да носат маски

од Берта Китинска

Oд Комисијата за заразни болести велат дека за мерката за носење маски во училиште воопштено не е разговарано на денешната седница.

– До Комисијата нема пристигнато таква комуникација и затоа немаме разговарано за тоа. Меѓутоа ставот на СЗО и на Европскиот центар за контрола на болести е дека затворени простори, па и во училиштата, од 6 годишна возраст па нагоре. Секое дете кое оди во училиште треба да носи маска. Токму препораките и протоколите за следење на наставата со физичко присуство се поставени врз основа на овие ставови – велат од Комисијата за заразни болести.

Во врска со најавениот скрининг на учениците, од Комисијата велат дека ќе биде потребна согласност од родителите.

– Сметаме дека методологијата на изведување на овој скрининг ќе биде малку поинаква и со поинаква динамика, па така ќе бидат потребни помал број на тестови кои ќе покажат каква е актуелната состојба во училиштата. Наскоро оваа методологија ќе биде утврдена и ќе ги имаме точните резултати кои не интересираат, кажа д-р Мехмедовиќ.

Слични содржини