„Комити“ до Груби: Го замолуваме присутниот џган да не нѐ става во уста

од Vladimir Zorba

Навивачката група „Комити“ реагираше на постот на првиот вицепремиер, Артан Груби во однос на скандирањето „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ на скопскиот плоштад, за кој тврди дека се членови на навивачката група.

-Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот, напиша на Фејсбук, Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада, упатувајќи порака до Комитите, навивачката група на Вардар.

Тој вели дека за однесувањето што тие го имаа на вчерашниот меч меѓу Вардар и Шкупи, иако навиваа надвор од стадионот, нема место во новото општество.

„Го замолуваме присутниот џган да не ‘не става у уста. ВАРДАР – Слога 1:0 Ајт сиктер!“, реагираа од „Комити“.

Слични содржини