„Комити“ имале средба со Шилегов: Добивме уверување дека клубот ќе биде поставен на заслуженото место

од Nikola Popovski

Навивачката група на ФК Вардар, „Комити“ со ново соопштение до јавноста, изнесе информации дека вчера имале средба со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Градот Скопје е основач, мнозински сопственик и патрон на Вардар, па по приложената оставка на сегашното раководство, ќе следи примопредавање на клубот назад кај сопственикот. За до тоа да дојде потребно е актуелниот времен сопственик на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко да приложи гаранции во противвредност на долговите кои се направени за време на нивното раководење, како Вардар би бил во чиста состојба, и во таква состојба да биде предаден на нов инвеститор. Веруваме дека до тоа ќе дојде во деновиве кои следат затоа што препознаваме расположение од сите страни“, велат навивачите.
Според нив, добиле уверување дека ќе вложат максимални напори клубот да биде поставен на местото кое го заслужува во Македонскиот фудбал и општество, како и тоа дека во догледно време ќе биде изграден тим достоен да ја претставува Македонија на Европска сцена.
„Доколку веќе не стравуваме толку на стратешки план за иднината на нашата љубов, сепак постојат итни чекори кои треба да се направат со цел да се избегне непосакувано сценарио и да загубиме драгоцено време. Итните чекори се однесуваат пред се кон обезбедување на финансиска конструкција за играчкиот кадар, носење евентуални засилувања, подготовки и назначување на времено раководство, како би го дочекале подготвени пролетниот дел од сезоната.

Добивме впечаток дека постои волја работите да тргнат во вистинска насока, и дека Вардар нема да ги доживува моментите од пред 10-тина години.
Остануваме посветени до крај и ќе ги вложиме нашите ресурси и влијание до доаѓањето на решението, кое сега изгледа на дофат. Се надеваме дека наскоро ќе бидеме покрај Вардар во тешките битки и предизвици кои ни претстојат, ним на теренот, но и конечно нам на трибините“, стои во соопштението на навивачката група на Фејсбук.
loading...

Слични содржини