Комитовa: При увидот констатиравме дека дел од „Струма“ не е автопат

од Берта Китинска

„До пред некој ден не знаев дека делницата од „Струма“ каде што се случи тешката автобуска катастрофа не е автопат, туку обичен, широк меѓуградски пат. Со голо око сите гледаме добар пат. Но, не можеме да ги почувствувам недостатоците негови“. Ова во студиото на „Ало, Бугарија“ го изјави регионалната министерка Виолета Комитова по повод увидот на делницата Драгичево – Долна Дикања, каде загинаа 45 северномакедонски државјани.

„Патот нема акт 16, бидејќи не се завршени постапките за експропријација. Според проектот, ова е патот Е-79, со максимална брзина од 90 km/h. Ова не е автопат, ниту магистрала“, додаде министерката како одговор на прашање зошто брзината во оваа делница е зголемена на 120 км/ч.

Според Комитова, увидот на патиштата треба да биде систематски процес кој ќе ги земе предвид опасните подрачја и места со дефекти, за да може да се санираат.

Слични содржини