Компанијата Мета е казнета со 390 милиони евра поради кршење на правилата на ЕУ

од Radmila Tasevska

Мета е казнета со 390 милиони евра за прекршување на правилата на ЕУ за лични податоци, соопшти ирската Комисија за заштита на податоци (DPC), тврдејќи дека Мета незаконски барал дозвола да користи лични податоци за рекламирање на Фејсбук и Инстаграм.

Со оглед на тоа што Фејсбук и Инстаграм имаат европски седишта во Ирска, DPC има водечка улога во усогласувањето со законите на ЕУ за заштита на податоците.

Компанијата Мета, која ги поседува платформите Фејсбук и Инстаграм, има рок од три месеци да го промени начинот на кој ги прима и користи податоците за таргетирани огласи, јавува Би-Би-Си.

Слични содржини