Компаниите сами ќе им издаваат пропусница на вработените за да одат на работа додека трае полицискиот час

од Aleksandar Todeski

Сите компании чии вработени имаат пореба да се движат додека трае полицискиот час, ќе им се издаваат пропусници од страна на самите компании, појасни минситерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

„Не важи за здравствени работници, МВР и Армијата. Сите оние компании кои имаат потреба, како и за производствените капацитети за храна, самите компании ќе издадат пропусници и согласно тие пропусници ќе може да се движат кон нивните работни места“, рече Филипче.

Тој апелираше да се почитуваат мерките, додавајќи дека нема место за паника. Филипче нагласи и дека меѓу оние кои со пропусница ќе може да се движат додека трае полицискиот час се и вработените на фирмите кои вршат дистрибуција.

loading...

Слични содржини