Компанија на Трамп тврди дека собрала милијарда долари: „Цензурата мора да престане“

од Vladimir Zorba

Новата компанија за социјални мрежи на Доналд Трамп објави дека склучила договори за една милијарда долари од инвеститорите, пред планираното котирање на берзата.

„Trump Media & Technology Group“ работи на лансирање на апликација за социјални медиуми наречена „Truth Social“, на почетокот на следната година, јавува Би-би-си.

Американскиот бизнисмен силно се залага за новата компанија, бидејќи сè уште му е забранет пристапот на Твитер и Фејсбук, по нападот на американскиот Капитол во јануари.

Потсетуваме, стотици поддржувачи на Трамп тогаш упаднаа во Конгресот, во обид да спречат потврда на победата на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден.

Како што кажа и самиот Трамп, а пишува британскиот сервис, „1 милијарда долари испраќа важна порака до „Биг Тек“ дека мора да се стави крај на цензурата и политичката дискриминација“.

Тој додаде: „Како што се шири нашиот биланс на состојба, Групацијата ќе биде во посилна позиција да се бори против тиранијата на „Биг Тек“.

Бизнисменот и поранешен американски претседател ги најави плановите за лансирање на „Truth Social“ претходно оваа година, велејќи дека тоа ќе овозможи „разговор без дискриминација врз основа на политичка идеологија“.

Партнерството на Групацијата со „Digital World Acquisition“ веќе привлече внимание. Минатиот месец, демократската сенаторка Елизабет Ворен побара од Комисијата за хартии од вредност (SEC, Securities and Exchange Commission) да го истражи планираното спојување поради потенцијално прекршување на законот за хартии од вредност.

SEC одби да коментира дали планира некаква акција. Целосното воведување на новата апликација е планирано за првиот квартал на 2022 година, што е, како што се наведува, прва од трите фази на „Trump Media“ планот. Ова е проследено со услуга за претплата за видео на барање наречена TMTG +, а ќе вклучува забава, вести, подкасти.

Компанијата конечно планира да се натпреварува со гигантите како облачната-услуга на Amazon „AWS“ и „Google Cloud“ на Google.

Слични содржини