Компјутер ги предвидува речениците пред да се произнесеме

од desk3

Научниците од Универзитетот во Орегон развија програма, благодарение на која компјутерите ќе ги читаат нашите мисли и ќе ни ги предвидуваат речениците пред да сме ги произнеле, пишува “Дејли мејл” .

1464597205-clipboard01
Софтверот го скенира мозокот и бара одредени невронски модели поврзани со зборовите . Тој се учи да ги препознава преку самообучувачки алгоритми кога луѓето читаат. Ова може да биде искористено за да бидат откриени одделните зборови и како евентуално би биле поврзани во реченица.

Сето ова се постигнува преку компјутерска невролошка анализа на активноста на мозокот. Според истражувачите, предводени од д-р Ендрју Андерсон од лабораторијата “Кул” на Универзитетот во Орегон, софтверот овозможува да се “одгонетнат” непроизнесенитереченици со 70-процентна точност.

Новата програма може да биде употребена за помош на луѓе кои имале мозочен удар и со тешкотии при комуникацијата.

Ние можеме да ги предвидиме моделите на мозочна активност, не совршено, но со добар процент на успешност, вели д-р Андерсон. Во блиско време луѓето погодени од мозочен удар и со тешкотии во говорот, ќе можат да комуницираат со останатиот свет со помош на оваа компјутерска програма.

Во експериментите учествувале 14 доброволци кои прочитале 240 реченици, а во исто време им биле анализирани невронските модели, асоцирани со поединечни зборови.

Слични содржини