Комплетно вакцинирани над 143.117 лица, најголемиот дел се со „Синофарм“

од Берта Китинска

Вчера во земјава пристигнаа нови 12.870 дози од вакцината Фајзер против ковид-19.

Министерот за  здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека станува збор за вакцини обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“.

Надлежните најави дека во наредните денови се очекува да пристигнат вакцини Синовак 500 илјади дози од Кина, како и донациите од Бугарија, Турција и Грција.

Најмногу вакцинирани со „Синофарм“

Во извештајот на ИЈЗ се содржани и податоци за процесот на вакцинација кој започна на 17 февруари. Оттогаш, па заклучно со 6 јуни барем со една доза вакцинирани се вкупно 247 157 граѓани. Од нив, ревакцинирани се 143 117.

Според тоа која вакцина се користела, извештајот го покажува следното:

60 526 дози на „Фајзер“/„Бионтек“ (43 441 со прва доза и 17 085 со втора доза)

45 168 дози на „спутник В“ (22 875 со прва доза и 22 293 со втора доза)

32 875 дози на „Астра Зенека“ (32 843 со прва доза и 32 со втора доза)

251 705 дози „Синофарм“ (147 998 со прва доза и 103 707 со втора доза).

Заклучно со 06.06.2021 вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

 

 

Слични содржини