Комплименти кои секоја жена сака да ги слушне од својот маж

од Stefanija Kuzmanovska

И навидум студена и строга жена ќе биде „стопена“ од искрениот комплимент на мажот кој ѝ се допаѓа. Жените едноставно сакаат да слушнат дека се посебни, дека се пријатно друштво, да знаат дека нивното мислење е навистина важно за мажите, итн. Жените се екстремно слаби во однос на мажите кои покажуваат чувства, не кријат дека понекогаш се ранливи, ја гледаат како „капка вода на дланка“ и се покрај неа, без оглед што и да се случи.

1. Истакнете дел од нејзината специфичност како нешто неодоливо
Може да биде нешто физичко на жената, нејзиното однесување, реакции во одредени ситуации. Ако човек рече на пример: „Твоите дупчиња на образите се неодоливи додека се смееш“, жената сигурно ќе се „стопи“. На овој начин, тој покажува колку внимание посветува на малите нешта на неа или во нејзиното однесување, бидејќи скоро секој сака да биде внимателно следен од другите, а не површно.

2. Побарајте од жената да даде свое мислење за нешто
„Што мислиш ти за тоа? – е прашање што секоја нормална жена сака да го чуе од маж. Покрај тоа што ќе покаже дека ја смета жената за паметна, тој ќе покаже и дека го цени нејзиното мислење и сака да знае како размислува. Жените ги гледаат таквите мажи како оние кои имаат потенцијал за квалитетна врска.

3. Кажете ѝ дека се чувствувате пријатно и опуштено во нејзино друштво
Жените сакаат мажи кои не се плашат да покажат дека понекогаш се ранливи па отворено ѝ признаваат дека со неа можат да бидат она што навистина се и лесно можат да се релаксираат. Покрај тоа, секоја жена е задоволна да чуе дека е пријатно друштво.

4. Кажете ѝ колку е убава, привлечна и посебна
Да бидеме реални, нема човек на оваа планета што не сака да слуша дека е убав, привлечен и посебен. Жените се особено чувствителни на овие работи. Секоја сака да знае дека таа е неодолива за мажот, особено кога тој ќе ѝ каже отворено пред други луѓе.

Слични содржини