Комуналните редари на терен: Малолетник фатен на дело како ја пали депонијата Вардариште

од Берта Китинска

Малолетник е фатен на дело како ја пали депонијата Вардариште, соопшти Инспекторатот на Град Скопје.

-Комуналните редари на град Скопје на локација Вардариште затекнаа малолетно лице кое врши спалување на кабаст отпад. Повикани се службеници од МВР кои веднаш постапија согласно нивните надлежности. Продолжуваат засилените контроли од страна на Инспекторатот на град Скопје, велат од Инспекторатот.

Слични содржини