Комуналните служби на Општина Карпош на терен: Се отстрануваат скршените дрвја

од Берта Китинска

Комуналните служби на Општина Карпош се на терен, каде заедно со екипите од ЈП „Паркови и зеленило“ ги отстрануваат скршените дрвја и предмети од силниот ветер кој вечерва го зафати Скопје.

„Нашите комунални служби се на терен и заедно со екипите од ЈП „Паркови и зеленило” ги расчистуваат скршените гранки, дрвја и предмети од силниот ветер во Скопје. Акцијата ќе продолжи и во утринските часови. Избегнувајте паркирање на возилата под големи крошни на дрвја. Ви благодариме на разбирањето и соработката“, напишаа од општина Карпош.

Слични содржини