Комунистичката партија на Кина: Одлучно ќе ја потиснеме саботажата на непријателските сили

од Stefanija Kuzmanovska

Комунистичката партија на Кина денеска објави дека „одлучно ќе ја потисне инфилтрацијата и саботажата на непријателските сили“, по најголемите протести во последните децении, насочени против анти-ковид мерките.

„На средбата беше истакнато дека политичките и правните власти мора да преземат ефективни мерки за одлучно да ја заштитат националната безбедност и социјалната стабилност. Мораме одлучно да ги сузбиеме инфилтрационите и диверзантските активности на непријателските сили во согласност со законот, решително да ги разбиеме незаконските и кривичните дела кои го нарушуваат општествениот поредок“, се наведува во соопштението на партијата, пренесе АП.

Соопштението доаѓа за да се спречи повторување на протестите што избувнаа за време на викендот во Пекинг, Шангај, Гуангжу и неколку други градови, и иако директно не се осврна на протестите, според американската агенција, изјавата на Кинеската Комунистичка партија служи како потсетник на одлучноста на партијата да го спроведе своето владеење.

Слични содржини