Кон: Ако казните беа 800 евра, како во Словенија, ќе беше поинаку

од Nikola Popovski

Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, изјавил дека рестриктивните мерки против коронавирусот даваат резултати во Србија, но дека единствениот излез е масовната вакцинација. Сепак, тој предупреди дека на граѓаните им недостасува дисциплина и дека мерките воопшто не се почитуваат во летните тераси од кафулињата

„Мораме да разбереме дека сме крајно недисциплинирани. Преминав 50 километри низ Белград во саботата. Забележав дека мерките не се почитуваат апсолутно на ниту едно место – 100 проценти од мерките не се почитуваат во кафулињата и летните тераси“, рекол Кон.

Тој потсетил дека е задолжително да се носат маски во надворешниот дел од кафулињата, освен во ситуации кога се консумираат пијалоци и храна.

Во однос на казните за непочитување на епидемиолошките мерки, Кон вели дека тоа е мотивација за некого и дека ќе било поинаку доколку тие биле повисоки.

„Ако казната беше 800 евра, како во Словенија, ќе беше поинаку. Во Велика Британија е 10.000 фунти, но нема смисла за казни. Ако ова беше успешно направено со терасите, би можеле мирно да ги пречекаме свадбите и крајот на учебната година“, рекол Кон.

Според него, сè може да се отвори само под услов да се почитуваат мерките, пренесе Танјуг.

„Постои огромен притисок да се отвори сè. Кога бројот на пациенти се намалува, не смееме да дозволиме бројките повторно да се зголемуваат. Во Белград, просекот на вакцинирани е 59 години, а во градот најмногу циркулира помеѓу личностите помеѓу 20 и 50 години. Ситуацијата зависи од циркулацијата на вирусот“, изјавил Кон.

Слични содржини