Кон ќе ја прими третата доза

од Stefanija Kuzmanovska

Членот на Кризниот штаб, епидемиолог д -р Предраг Кон, изјави дека веќе одлучил да ја прими третата доза од вакцината.

Официјалната препорака е тоа да биде истата вакцина, примена преку првите дози, но граѓаните сепак имаат право на избор.

Инаку, денеска во Србија официјално започна имунизацијата со третата, бустер доза на вакцината против коронавирус.

„Дефинитивно ќе ја примам третата доза поради мојата здравствена состојба“, рече епидемиологот утрово на телевизијата К1, објавија медиумите.

Д -р Кон беше вакциниран со вакцината „Фајзер“ во првиот контингент вакцини што пристигна во Србија.

Слични содржини