Кон: Ми беше упатен заканувачки глас од црн автомобил!

од Stefanija Kuzmanovska

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон, на својот Фејсбук профил напиша дека утрово му бил упатен уште еден тивок, но „заканувачки глас од црн автомобил“.

– „Доста веќе со тие вакцини“, уште еден, навистина тивок, но заканувачки глас од црн автомобил ми беше испратен утрово. Се насмевнав, бидејќи нема одговор на една таква „порака“. Претпоставувам дека човекот верува дека е „поздраво“ да се прими вирусот. Но, не е. Илјада пати е подобро да се вакцинирате – изјави Кон.

Слични содржини