Кон: Немаме потврда за присуство на делта сојот, но сигурно ќе се појави

од Vladimir Zorba

Српскиот епидемиолог Предраг Кон предупреди дека за време на екстремна топлина во затворени простории, како што се трговски центри и сите други места што користат климатизација и каде што посетителите сакаат да се разладат, ризикот од пренесување на вирусот се зголемува, пред се поради повеќе контакти и евентуално подолг престој.

„Ризик има и во градскиот сообраќај“, истакна Кон во објавата на Фејсбук и рече дека во такви услови, потребно е строго да се почитуваат мерките за носење маски во затворен простор.

Според него, засега нема потврда за присуството на делта вирусот, но скоро е сигурно дека тој ќе се појави.

„Сите видови прослави имаат значително поголем ризик за невакцинираните отколку за вакцинираните (1:25 е односот на заразени вакцинирани со невакцинирани во Велика Британија, каде 90% циркулира индиско-делта сојот на коронавирусот)“, напиша Кон.

Слични содржини