Кон: Се воспоставува рамнотежа помеѓу зачувување на здравјето и економијата

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денес дека медицинскиот дел од Кризниот штаб е „порестриктивен“ кога станува збор за нови мерки „што е нормално, бидејќи лекарите не можат да се грижат за економските прашања“.

„Можеме да разбереме дека економијата е важна, но не можеме да разбереме дека е поважна од она за што се залагаме: од зачувување на здравјето и заштита на луѓето од сериозни форми на болеста. За среќа, се воспоставува рамнотежа помеѓу овие две прашања, а најточен одговор на прашањето дали ќе има нови мерки е ‘ќе видиме’“, рече Кон како гостин на ТВ Пинк.

Зборувајќи за претстојната слава Свети Никола, Кон вели дека медицинскиот дел од Кризниот штаб разгледува како да се заштитат луѓето од пренесувањето на вирусот на денот на прославата.

„Во овој случај, оние што слават се оставени на нивната совест. Нема нови зборови во врска со тоа, вирусот е сè уште екстремно активен и секоја слава треба да биде таква да не дојде до инфекција“, вели Кон.

Тој изјави дека Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ќе ја провери документацијата на сите вакцини против коронавирус што пристигнуваат во земјата и дека на крајот ќе изврши дополнителни тестови за безбедност за секоја серија што доаѓа.

Зборувајќи за вакцинацијата што следува, д-р Кон вели дека тоа е сложена и комплексна работа што ќе биде спроведена.

„Тогаш започнува вакцинацијата, која ќе се спроведува во текот на следната година. Постои важна приоритетизација, што е исто така многу сложена. Нашите приоритети се медицински работници, постари граѓани, иако сè уште не сум го видел планот за имунизација. Се вели дека социјалните институции, полицијата, армијата се на приоритетната листа, но сето тоа ќе зависи од количините што ќе пристигнат“, вели Кон

Според него, вакцинацијата е многу сериозна работа и во Србија „ситуацијата не била толку сериозна со децении“.

Слични содржини