Кон: Влошувањето на ситуацијата е евидентно, опуштањето зема замав

од Nikola Popovski

Член на кризниот штаб на Владата на Србија, Предраг Кон, изјави денес дека влошувањето на епидемиолошката состојба е евидентно, бидејќи граѓаните на Србија се „сериозно непослушни“.

„Опуштањето зема замав. Некои (анти-епидемиолошки) мерки се сметаат за непријатност, како да е срамота да се потсети некому да носи маска“, изјави тој за РТС, додавајќи дека секогаш треба да се предупредува дека маските мора да се носат.

Според него, мерките што важат во Србија се добри, но, како што нагласи, проблемот е што тие не се почитуваат.

Кога станува збор за таканаречениот „карантин туризам“, Кон рече дека за тоа не се разговарало во Кризниот штаб и дека треба да се засили контролата на мерките на аеродромот.

„Добив протокол во кој патниците кои доаѓаат од земји со интензивениот делта сој на корона мора да имаат негативен ПЦР-тест и да потпишат изјава за прифаќање на седумдневен карантин, по што тие мора да бидат тестирани и, доколку се позитивни на корона, одат во изолација“, објасни епидемиологот.

На прашањето дали врз зголемувањето на бројот на заразени лица ќе влијае одржувањето на музичкиот фестивал „Егзит“, Кон рече дека ризикот постои.

„Притисокот да се отвори фестивалот беше голем, но постои ризик. Невозможно е да не бидете заразени кога се одржуваат големи фестивали“, забележал тој.

Фото: Beoinfo

Слични содржини