Кон: Во ниту еден момент немаше криење на податоци за бројот на заразени и мртви од Ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska

Епидемиологот и член на кризниот штаб Предраг Кон за ТВ Н1 рече дека под целосна морална одговорност тврди дека „во ниту еден момент немало криење на податоци“ за бројот на заразени и мртви од Ковид-19, и дека „во ниту еден момент немало скриена намера. Тој посочува дека е јасно дека земјата влегува во третиот бран на епидемијата, но дека е „далеку од тоа дека е достигнат пикот“.

„Сè уште сме во пораст, што ќе трае. Ни претстои добар период на раст и нашите обиди да ја израмниме кривата. Јасно е дека влегуваме во третиот бран, а во моментов Белград е доминантно најбрз во тој пораст“, рече Кон и додаде дека во последните три дена има нагло зголемување на бројот на случаи со коронавирус, особено во главниот град, но тоа сè уште не е видливо преку приливот на пациенти во болниците.

Коментирајќи ги најновите податоци, според кои во Србија се регистрирани повеќе од 500 нови пациенти во последните 24 часа, тој вели дека состојбата треба да се следи на дневна основа и затоа е закажана вонредна седница на Кризниот штаб за четврток.

„Дали треба да се грижиме? Треба да се грижиме. Медицинскиот дел од Кризниот штаб е многу загрижен во последните десет дена“, вели Кон.

На прашањето дали таа загриженост може да доведе до повторно воведување на полициски час, тој рече „искрено, не утре, но едноставно не можеме да останеме целосно затворени за каква било можност за ограничувања што може да бидат потребни во некоја идна перспектива“.

„Без разлика дали е полициски час или не, без оглед дали е вонредна состојба или не, не ме интересира како епидемиолог. Ме интересира да спречам контакти“, како пример, наведувајќи дека „успеавме да спречиме контакти во училиштата и имаме докази за тоа (нема пренос на вирус во самите училишта)“, а истите системи за надзор постојат во киносалите и театрите.

Повторно запрашан за да ја разјасни претходната изјава дека до јуни имало три пати повеќе смртни случаи отколку пријавени смртни случаи, тој рече дека тоа е проценка, „никој не може да тврди дека ова е апсолутно точно. Постојат низа други работи што не се сметани – смртни случаи од кардиоваскуларни болести и некои други каде што не сме виделе вишок на смртност“.

„Проценката служи за откривање на товарот на оваа болест, колку е потешка отколку што се чини на прв поглед. Темелна ревизија на смртноста што ќе се направи ќе даде најзначајни резултати“, рече Кон, објаснувајќи дека статистиката за смртност е метод за следење прекумерна смртност во споредба со претходните години, и дека во споменатиот период е евидентно дека има повеќе смртност отколку во претходните години.

„Во ниту еден момент немаше никакво прикривање на податоците – можам да тврдам,под морална одговорност, во ниту еден момент немаше некоја скриена намера“, посочува тој.

Слични содржини