Актуелно
Почетна / Слајдер / Коњаници од Лисиче се степале со крушевчанец, полицаец пукал во воздух да ги смири

Коњаници од Лисиче се степале со крушевчанец, полицаец пукал во воздух да ги смири

На Гумење, во Крушево ноќеска се тепале коњаници од Лисиче, а полицаец пукал во воздухот да ги смири.

Како што јавија од МВР, полицискиот службеник кој вршел патролна служба на Гумење, забележал тепачка помеѓу лице од Крушево од едната страна, и петмина скопјани од коњаницата Лисиче од другата страна. Тие меѓусебно си размениле по неколку удари.

Заради спречување на тепачката, како што информираат од МВР, полицаецот со службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, пришто тепачката престанала.

loading...