Кондарко: ДИК може да спроведе избори 22 дена по вонредната состојба

од Aleksandar Petrovski

Членот на Државната изборна комисија Борис Кондарко на ТВ21  рече дека не постои проблем ДИК да спроведе избори 22 дена после завршувањето на вонредната состојба, најавувајќи дека на 21. јуни може да има парламентарни избори.

„Нема никаква дилема, се она што се бара согласно изборниот законик, ние сме подготвени да го спроведеме. Не смее да биде за нас никаков проблем. Но, ние во ДИК не можеме да навлегуваме во дневна политика и да се мешаме во преговори на политички партии, или колку ќе трае вонредна состојба. Тоа не можеме, а можеме да ги запазиме сите законски рокови“, вели Кондарко.

Слични содржини