КОНДОМ НА МИКРОФОН: Интересна тактика на ОН против ширењето на коронавирусот

од Vladimir Zorba

На Генералното собрание на Обединетите нации, на секој говорник му беше дадена нова глава за микрофон за да се спречи можноста за ширење на коронавирусот. Тој детал, заедно со малата „наметка“ што ја ставаше персоналот со доаѓањето на секој нов говорник, не ги пропуштија корисниците на Твитер.

„Новина во ерата на Ковид, мал кондом за микрофон“, рече еден корисник на Твитер со фотографија за заштита на микрофонот.

Во пресрет на седницата на ОН, Белата куќа објави дека, врз основа на протоколот на ОН по повод епидемијата на Ковид, подиумот ќе се чисти откако по секој говорник ќе се смени и главата на микрофонот.

Американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро зборуваа на сесијата на ОН. Бајден и Џонсон беа вакцинирани, а Болсонаро не беше затоа што, како што рече, сака да чека да се вакцинираат сите Бразилци, а потоа да донесе одлука дали ќе се вакцинира или не.

Кога Болсонаро го заврши својот говор пред Собранието на ОН, персоналот ја замени главата на микрофонот, која имаше „покривка“ многу слична на кондом. Белата куќа тогаш објави, наведувајќи дека микрофоните се менуваат по секој говорник, без разлика дали биле вакцинирани или не.

Работниците го чистеа подиумот и по говорот на американскиот претседател Бајден, кој беше вакциниран.

Слични содржини