Конечно борба и сериозна кошарка на Ол-Стар натпреварот: Славеше тимот на Леброн

од Nikola Popovski

На 69.  „Ол стар“ меч од НБА-лигата одигран ноќеска во Чикаго, победа забележа тимот предводен од Леброн Џејмс кој беше поуспешен од тимот на Јанис Антетокунмпо со 157:155 (53:41, 30:51, 41:41 и 33:22).

Во тимот на Јанис имаше исто така одлични поединци, но наградата за најкорисен играч отиде кај тимот на Леброн.

Првиот освојувач на трофејот Коби Брајант е заслужено најкорисниот играч на последното финале, Каваи Ленард, кој постигна осум тројки и со 30 поени, седум скока, четири асистенции и две украдени топки беше подобар во натпреварот на најдобрите,  одигран без класично мерење на времето на крајот.

Капитенот Леброн Џејмс и Крис Пол застанаа на 23 од редовите на победничката екипа, додека во спротивниот табот Антетокунмпо беше најефикасен со 25, додека Кемба Вокер постигна 23 поени.

Некарактеристично за ваквите ревијални натпревари, гледачите можеа да проследат „сериозен“ меч со цврсти одбрани, посебно во последниот период.

Слични содржини