Конечно добра вест: Опаѓа бројот на заразени со коронавирус во светот

од Nikola Popovski

Според официјалните податоци на Светската здравствена организација, во периодот од 1 до 7 февруари, бројот на новозаболени лица се намалил за 17% на глобално ниво, а вкупниот број на смртни случаи во тој период се намалил за 10%.

Во извештајот на СЗО се наведува дека бројот на новозаболени лица во светот се намалува веќе четврта недела по ред, пренесува Ројтерс.

Од 1 до 7 февруари СЗО забележа 3.153.426 нови инфекции ширум светот, 17 проценти помалку од претходната недела и 88 369 смртни случаи, 10 проценти помалку отколку во претходните седум дена.

Во извештајот исто така се вели дека од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 105.429.382 случаи на ковида-19 и 2.302.614 смртни случаи меѓу заразените со коронавирус.

Најголем пад на бројот на нови инфекции е потврден во Африка (22 проценти), Европа (19 проценти) и Северна и Јужна Америка (17 проценти), а смртноста во овие региони е намалена за 30 проценти во Африка, 13 проценти во Европа и четири проценти во Северна и Латинска Америка, пренесува ТАСС.

Во периодот од 1 до 7 февруари, најголем број нови инфекции се потврдени во САД, околу 871 илјади, потоа Бразил со околу 328 илјади, Франција 136 илјади и Велика Британија со приближно 133 илјади.

Слични содржини