Конечно откриено зошто само Хари ќе присуствува на погребот на принцот Филип!

од Vladimir Zorba

Шпекулациите за враќање во кралската палата на војводата од Сасекс, Хари и неговата сопруга Меган Маркл, беа завршени со информациите што пристигнаа од портпаролот од Бакингемската палата.

Имено, Хари, војводата од Сасекс, сепак ќе присуствува на погребот на неговиот дедо принцот Филип, кој почина мирно во замокот Виндзор во петокот наутро на 99-годишна возраст. Сепак, неговата сопруга Меган Маркл, војвотката од Сасекс, нема да биде присутна, изјави портпаролот на Бакингемската палата.

Всушност, бидејќи двојката живее во Калифорнија, а лекарот ја советувал војвотката Меган Маркл, која е бремена, да не патува во Велика Британија, таа нема да присуствува на погребот на принцот Филип.

Принцот Филип, покојниот сопруг на британската кралица Елизабета Втора, ќе биде погребан во следната сабота, на церемонија која ќе биде исполнета со традиција, но според кралските стандарди, во помал обем.

Слични содржини