Коневски: Државата му префрла на Мицкоски неколку милиони на годишно ниво

од Nikola Popovski

„Има приходи од државата, таа му префрла неколку милиони на годишно ниво, има личен шофер, исто како да води приватна фирма и затоа Мицкоски мора да си замине“, изјави Ивица Коневски за емисијата „Топ тема“.

Тој вели дека никогаш претходно нема видено партијата да си ги обвинува своите членови, како што се прави тоа сега.

„Ова е невидено за демократскиот свет, за еден професор и академски граѓанин. Тврдам дека во ВМРО-ДПМНЕ има поголем потенцијал од СДСМ во поглед на социјалните реформи, кои ќе се вратат во партијата откако Мицкоски ќе си замине од лидерската функција“, изјави Коневски.

Слични содржини