Коневски: Мијалков нема амбиции за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски за 360 степени вели дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков нема лидерски, ниту амбиции да биде повторно активен во политиката.

„Неговото јавно излагање е барање одговорност и вонреден конгрес заради неуспесите на самата политичка партијата. Сепак, тој е еден од основачите на партијата и има право да ја следи состојбата и, како и сите ние коишто сме загрижени, има право и тој да биде загрижен. На крај, тој беше и еден од тие коишто го поддржаа Христијан Мицкоски да биде претседател на партијата и не е чесно од страна н актуелниот претседател на партијата да се однесува дискредитирачки кон сите што му ја дадоа поддршката во 2017 година“, вели Коневски.

Слични содржини