Коневски: Силјановска има капацитет да повлече неопределени гласачи, но не ми е јасна нејзината идеолошка поставеност

од Vlatko K

Гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски кој зборуваше за претстојните претседателски избори.

-Во прицип состојбата во државата не е идеална, економската состојба е лоша, немаме инвестиции, даноците се покачуваат на сметка на граѓаните, 500 евра плата која беше ветувана сѐ уште ја нема, не верувам дека ќе ја има. Тоа незадоволство на граѓаните треба да се валоризира и да се победи на изборите, рече Коневски.

Тој за  кандидатотот на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова има дилема.

-За неа имам позитивно мислење, ја поздравувам одлуката за нејзиниот избор. Таа има капацитет да повлече неопределени гласачи, но постојат различни мислења во партијата за нејзината кандидатура. Мене сѐ уште не ми е јасна нејзината идеолошка поставеност меѓутоа за неа како лик имам позитивно мислење, истакна Коневски.

Слични содржини