Коневски: Засега немам амбиции да бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, за емисијата „Топ тема“ изјави дека Христијан Мицкоски е единствениот носител на одговорноста за поразите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Знае дека ја има изгубено довербата кај делегатите што го гласаа. Знае дека треба да излезе пред нив и да им се заблагодари за поддршката и да ги презентира сите аргументи кои доведоа до пораз на локалните избори“, вели Коневски.

Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ добива се поголема подршка, вели тој и додава дека е оптимист за неговото одржување.

Коневски негира дека причината зошто не го свикале вонредниот конгрес не е недоволната подршка туку желбата на него да присуствуваат сите делегати што го гласаа Мицкоски во Валандово во 2017. Дополнително, сакаат да го почекаат завршувањето на локалните избори во Штип и Пласница за да не му понудат уште едно алиби за евентуалнен неуспех на Мицкоски и по нивното завршување.

Тој дополни дека засега нема амбиции да биде нов лидер на партијата.

„Се размислува за в.д. претседателство. Битно е да се соедини партијата повторно, затоа што е разединета и мора да дојде до промена на статутот на партијата“, вели Коневски.

Слични содржини