Конференција на тема : Како да се унапредат механизмите за безбедност во училиштата и превенирање на меѓуврсничкото насилство

од desk4

На денешната конференција во Струга беше поставено прашањето како да се унапредат механизмите за безбедност во училиштата и превенирање на меѓуврсничкото насилство. На оваа конференција учествуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, како и повеќе претставници на академската и експертската заедница од областа, информираат од Министерството за образование и наука.

Министерот Шаќири посочи дека МОН подготвило конкретни препораки за училиштата со цел го зачуваат мирниот амбиент и да се справат со меѓуврсничкото насилство доколку биде детектирано. За истите, како што рече, ќе се дискутира на владина седница во текот на утрешниот ден.

– Добро е што голем број страни се вклучија со свои сугестии и размислувања, меѓу кои и Меѓународниот универзитет во Струга и мислам дека тоа што ќе биде усвоено како финално, ќе дава добар ефект, доколку во целост се почитува од сите на кои се однесува, истакна Шаќири, информирајќи дека паралелно продолжуваат и консултациите за изработка на сеопфатен протокол и прирачници за училиштата.

Слични содржини