Конференција „Поглавје 23: македонското сидро или едро?“: Земјава е подготвена за преговори со ЕУ

од Vladimir Zorba

Земјава е поготвена да почне со преговори за членство со Европската унија. Тие треба да бидат верификација на се она што е направено во изминатиот период, ни помош и поддршка од Унијата за побрза трансформација на општеството.

Ова се ставовите на дел од учесниците конференција на тема „Поглавје 23: македонското сидро или едро?“ организирана од Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

-Сакам да апелирам до земјите членки на ЕУ дека единствениот начин на кој може дополнително да ги поддржат трансформативните процеси на нашата земја е доколку конечно се одважат да ја поддржат одлуката за почеток на преговори бидејќи цениме дека со оглед на решавањето на спорот со името и зафатите кои беа направени од Владата во соработка и со опозицијата за клучните реформски закони се добра основа нашата земја да ги отвори преговорите годинава со позитивна одлука на претстојниот совет, рече Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика.

Во однос на тоа колку земјава е подготвена за преговори, таа вели дека на тоа прашање може да се гледа како на тоа дали чашата е полупразна или полуполна.

Го решивме проблемот со името, потенцира таа, а се работи на усогласеност со законодавството на ЕУ

.-По прашањето на усогласеноста сме споредбено со Црна Гора и Србија. Ако погледнеме историски нашата земја би била една од подобрите која би ги започнала преговорите во однос на нашата усогласеност, со сите недостатоци кои ги имаме во однос на јазот помеѓу имплементацијата и законите и забелешките што ги нотираше експертската група на Прибе, вели Кацарска.

Додава дека преговорите не треба да се гледаат како цел сама за себе, туку како процес кој може да и помогне на земјата за остварување на крајната цел, која е членство во Унијата, кое, како што рече, несомнено ќе се случи по подолг период. кое несомнено ќе биде по долг период.

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека Министерството е подготвеноз за почеток на преговори.

-Очекуваме верификација на она што го сработивме во изминатиот период, но и на она што сега го правиме како чекори за доближување на Македонија кон европските стандарди со отворање на тие преговори, рече Дескоска.

Таа исткна дека е задоволна и од тоа што одредени законски решенија веќе даваат резултати посочувајќи притоа на примената на АКМИС системот за електронска распределба на судии.

loading...

Слични содржини