Конфликт на Кина и САД поради СЗО: Се бара да се открие се за Ковид 19

САД бараат Кина да дозволи истражен тим на Светската здравствена организација (СЗО) да има контакти во Вухан со „медицински работници, поранешни пациенти и лабораториски персонал“, како и пристап до медицински податоци и примероци.

Официјалниот претставник на Министерството за здравство на САД, Герет Григсби, му рече на извршниот одбор на СЗО дека Кина треба да обезбеди научни студии со податоци за примероци од животни, луѓе и животна средина собрани во Вухан, каде се верува дека избувна епидемија на коронавирус, пренесува Ројтерс. .

Претставникот на Кина тогаш се обрати до Извршниот одбор на СЗО, велејќи дека политичките притисоци мора да престанат, бидејќи истражувањето за природата на вирусот е научна работа што бара координација и соработка.

Слични содржини