Конго: Лавата застана на неколку стотици метри од градот

од Vladimir Zorba

Лава од вулканот Ниjирагонго запре утрово на неколку стотици метри од периферијата на градот Гома, на истокот од Демократска Република Конго. Според репортерот на Ројтерс од местото на настанот.

Градот на езеро со околу два милиони жители минатата ноќ беше во паника, откако исфрлената лава го исполни небото со црвен сјај.

Илјадници бегаа кон соседната граница со Руанда.

„Локалните власти кои ја следеа ерупцијата преку ноќ објавија дека протокот на лава го изгуби својот интензитет“, напиша владиниот портпарол Патрик Мујаја на Твитер.

Претходна ерупција на Ниjирагонго во 2002 година уби 250 лица, а 120 000 лица останаа без покрив над главата.

Тој е еден од најактивните вулкани во светот и се смета за еден од најопасните.

Слични содржини