Конго остана без опозициски кандидат за претседател: Почина од коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Главниот опозициски кандидат на вчерашните претседателски избори во Конго, Гај Брис Парфе Колела почина на 61-годишна возраст, соопшти денеска неговиот портпарол, откако претходниот ден беше објавено дека бил пренесен во болница поради инфекција со коронавирус.

Колела, кој страдаше од дијабетес, беше еден од шесте противкандидати на сегашниот претседател.

Колела го пропушти последниот предизборен настан во петокот, откако претходниот ден рече дека се плаши дека има маларија, сепак, откако беше примен во приватна болница во Бразавил, беше утврдено дека е позитивен на ковид-19.

Портпаролот Џастин Нзолуфуа одби да ги наведе причините за неговата смрт, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.

Изборите во Конго се одржаа вчера, а сегашниот претседател Денис Сасу Нгуесо се очекува повторно да победи.

Слични содржини