Конор Мек Грегор нокаутиран од Дастин Поириер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Влезе во октагон како фаворит, а заврши на подот, нокаутиран.

Конор Мек Грегор загуби од Дастин Поириер во 257-иот турнир на Ултимејт фајт шампионатот.

Во Абу Даби, 32-годишниот Американец го нокаутира својот врсник од Ирска во втората рунда со низа разорни удари, достигнувајќи ММА учинок од 27-6, додека ова беше петти пораз за Мек Грегор во 27. настап.

Поирије најпрво целосно го „умртви“ славниот ривал со ножна техника, а потоа во втората рунда започна како да е во рингот:

Со левицата, па потоа со десницата го удираше лицето на Мек Грегор, а кога Ирецот веќе не можеше да застане на нозе и падна на земја, истрча, продолжи со ударите, што беше доволен знак за судијата да ја запре борбата и прогласи технички нокаут во корист на борецот од САД.

Слични содржини