Конте: Ако најдобриот тим троши многу за да стане посилен, колку треба да потроши тим од пониско ниво?

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ги коментираше трансфер плановите на клубот за летото.

„Да се ​​направат големи инвестиции е важно бидејќи најдобрите играчи го водат тимот до победа. Ако најдобриот тим троши многу пари за да стане посилен, колку пари треба да потроши тим од пониско ниво за да биде конкурентен?“, изјави Италијанецот.

„Се согласувам со Гвардиола кога вели дека парите не се единственото нешто што е важно во фудбалот. Но, во исто време, тие се потребни за да се подобри нивото и квалитетот на вашиот тим. Ова е вообичаена порака, не само за мојот клуб“, додаде Конте.

Тотенхем се бори со Арсенал за место во Лигата на шампионите, но заостанува 4 бода.

Вечерва се игра дербито на двата тима.

Слични содржини