Конте ги отпиша Винкс, Регилон, Ло Селсо и Ндомбеле

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте одлучи да остави четворица играчи надвор од тимот за претсезонската турнеја во Јужна Кореја.

Хари Винкс, Серхио Регилон, Џовани Ло Селсо и Танги Ндомбеле ќе останат во Лондон и ќе продолжат да тренираат со резервите на Спарс.

Четворицата не спаѓаат во плановите на Италијанецот за следната кампања и ќе се бара опција за разделба со нив.

Лос Селсо во вториот дел од минатата сезона мина позајмица во Виљареал, но „жолтата подморница“ засега не брза да ги откупи неговите права, иако е сакан од Унаи Емери.

Останатите играчи беа во составот и минатата година, но не успеаја да го импресионираат Конте.

Тимот од северен Лондон беше исклучително активен на трансфер пазарот и веќе ги ангажираше Ричарлисон од Евертон, Иван Перишиќ од Интер, Ив Бисума од Брајтон и Фрејзер Фостер од Саутемптон.

Уште едно ново засилување во тимот, Клемент Ленгле исто така нема да биде дел од патувањето во Кореја бидејќи сè уште има документи околу неговиот трансфер што треба да се комплетираат.

Слични содржини