Конте го напушта Тотенхем?

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте би можел наскоро да го напушти клубот доколку итно не добие поддршка до крајот на преодниот рок, изјави за Sky Sports поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул и сегашен аналитичар – Џејми Реднап.

Италијанецот ги презеде Спарс во ноември, а дури вчера го доживеа првиот пораз на кормилото на тимот во поразот од Челси. Лондончани се седми во Премиер лигата со 36 бодови, но заостануваат само два помалку од Манчестер Јунајтед кој е четврти.

„Нему му требаат играчи. Тој пристигна во тимот по Нуно (Еспирито Санто) и веројатно имаше дијалог меѓу него и Даниел Леви за тоа што му треба на тимот. Тој е во тимот веќе неколку месеци и заврши одлична работа од каде што е. Огромна е разликата помеѓу Манчестер Сити, Челси, Ливерпул и другите, но тие се поблиску до топ 4, што друг менаџер не може да го направи, но потребна му е поддршка. До крајот на трансфер пазарот му требаат два, три или четири нови играчи“, вели Реднап и продолжи:

„Даниел Леви е човек со кој е тешко да се преговара, но ако не го поддржи, знаете што се случи во Интер. Мислам дека ќе замине затоа што не можеш да му ветиш нешто, а потоа да не го исполниш. Навивачите на Тотенхем мора да бидат бесни, бидејќи секоја година се случува истото – одличен стадион, тренинг-база, но на тимот сега му е потребна помош. Така што сега треба да биде поддржан“, изјави Реднап во ТВ студиото по натпреварот со Челси.

Слични содржини