Конте го презема Тотенхем

од Stefanija Kuzmanovska

Фабрицио Романо пишува дека Антонио Конте ќе го преземе Тотенхем.

Италијанскиот тренер неодамна го напушти Интер, со кого ја освои титулата во Италија. Конте со таа титула ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус во Италија, а тој го напушти Интер поради финансиската криза бидејќи клубот не можеше да му вети дека ќе ги задржи сите клучни играчи.

Романо пишува дека Конте во Тотенхем го чека голем проект. Му била ветена голема инвестиција во играчкиот кадар. Поранешниот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи треба да му помогне при трансферите. Тој по десет години го напушти Јувентус и истата улога ќе ја преземе во Тотенхем. Паратичи е понуда на маса, а Романо пишува дека италијанскиот тандем Конте – Паратичи треба да управува со Тотенхем од следната сезона.

Конте го водеше Челси во Премиер лигата од 2016 до 2018 година и ја освои титулата во 2017 година.

Слични содржини