Конте: Очекував „валкана“ игра и не се плашевме да играме така

од Vladimir Zorba

Антонио Конте, тренерот на Интер ги пофали своите играчи по натпреварот против Хетафе во осминафиналето на Лигата на Европа.

„Нероазурите“ го совладаа шпанскиот претставник со 2:0 во првиот натпревар од таа фаза од натпреварувањето.

„Знаевме дека ќе биде тешко. Тие го започнаа дуелот подобро, а ние направивме грешки како онаа како Де Вриј. Играа доста физички и беа посилни на стартот“, рече Конте.

Тој истакна дека тимот успеал да ја преземе контролата врз топката и играта.

„Очекував „валкана“ игра и не се плашевме да играме на тој начин против нив. Ова е одличен знак, се боревме за секоја топка, што порано недостасуваше во сезоната“, додаде Конте.

Италијанскиот стручњак е задоволен од играта на напаѓачите.

„Можевме да постигнеме подобар резултат. Лукаку постигна одличен гол, тој добро го нападна просторот и ми се допаѓа тоа што го видов од него, Лаутаро и Санчез. Беше позитивна вечер и драго ми е што момчињата покажаа желба да продолжат, а не порано да одат на одмор“.

Конте, исто така, истакна дека е среќен поради Алексис Санчез, чиј договор Интер го откупи од Јунајтед.

Интер во четвртфиналето ќе игра против Леверкузен или Ренџерс.

Слични содржини