Конте по елиминацијата од ФА Купот: Понекогаш треба да извадиш морков, а понекогаш ќотек

од Vladimir Zorba

Тотенхем, кој се бори за Лигата на шампионите, загуби со 1-0 во петтото коло од ФА Купот од осмопласираниот второлигаш Мидлзброу. Така од почетокот на годината продолжува речиси катастрофалната серија. Ова е седми пораз на Спарс во сите натпреварувања од почетокот на 2022.

Од Премиер лигата полош е само Брентфорд кој во тој период има осум порази. Тотенхем испадна од двата национални купа од почетокот на 2022 година (откако претходно испадна од Конференциската лига), додека во лигата е само седми со пет бода помалку од Јунајтед на четвртото, последното место кое води во Лигата на шампионите.

Факт е дека има два натпревари помалку од гигантите од Манчестер, но и дека Тотенхем во моментов не изгледа убедливо. По новиот во низата неуспеси, поразот за испаѓање од ФА Купот од второлигашот, менаџерот Антонио Конте на прашањето што им рекол на играчите одговори:

„Тренерот понекогаш треба да извади морков, а понекогаш и ќотек“.

Конте во последно време жестоко го критикува раководството на Тотенхем затоа што не му ги дава парите за засилувања што ги посакува.

Слични содржини