Конте подготвува за големи промени во Тотенхем

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте подготвува сериозно освежување на тимот за новата сезона. Италијанскиот стручњак планира да го засили тимот nа најмалку пет позиции, а во меѓувреме се очекува да бидат продадени многу играчи од сегашниот состав, пренесe „Дејли мејл“.

Конте пред неколку дена одржа средба со спортскиот директор Фабио Паратичи на која разговараа за претстојната селекција. Тренерот објави кои играчи не му требаат, меѓу кои Танги Ндомбеле, Давинсон Санчез, Хари Винкс, Џовани Ло Селсо, Стивен Бергвaјн, Серхио Региlон и Џо Роден. Повеќето од нив се очекува да заминат во текот на летото.

Истовремено, италијанскиот стручњак ги одреди позициите на кои сака да привлече нови играчи. Станува збор за голман, централен дефанзивец, среден бек, централен играч за врска и напаѓач.

Слични содржини