Конте сака шест нови фудбалери ова лето

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте сака на лето да го засили тимот со шест нови играчи, пишува „Телеграф“. Тренерот ќе бара нов централен дефанзивец, десен бек, двајца играчи од средниот ред, напаѓач и резервен голман.

Стручњакот веќе има неколку таргетирани играчи. Меѓу нив се десниот бек на Нотингем, Џед Спенс, централниот дефанзивец на Торино, Глејсон Бремер, и играчот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен, кој може да се врати во Тотенхем, каде ги помина најсилните години во кариерата.

Во моментов резервен голман е Пјерлуиџи Голини, кој е позајмен од Аталанта. Сепак, Конте не е особено задоволен од својот сонародник и нема намера трајно да го привлекува. Наместо тоа, тој го насочи своето внимание кон искусниот Сем Џонстон од Вест Бромвич, кој може да биде ангажиран како слободен агент.

Во исто време се очекува клубот да се раздели со неколку свои непотребни играчи, како што се моментално ангажираните Танги Ндомбеле, Брајан Хил и Џовани Ло Селсо, како и крилниот напаѓач Стивен Бергвајн, кој сезонава не добива голема минутажа.

Слични содржини