Конте: Тотенхем доби важно дерби

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте не го криеше задоволството по победата од 3:0 над Арсенал, која ги врати „мамузите“ во битката за четвртото место во групната фаза од Премиер лигата и Лигата на шампионите.

„Шокантна атмосфера. Мора да им се заблагодариме на нашите навивачи. Беа неверојатни и не поддржаа. Им се заблагодаривме со добра игра и добра победа. Добивме многу важно дерби и му се доближивме на Арсенал во поредокот. Бев јасен со играчите – правилно е да се радуваме и славиме, но не треба да се опуштиме, бидејќи во недела ќе се соочиме со тим кој веќе не победи – Барнли“, посочи Италијанецот и додаде:

„Нашите навивачи во недела повторно ќе играат важна улога. Мораме да одиме напред заедно. Многу сме блиску до остварување на нашата цел. Нема повеќе лесни натпревари. Треба да освоиме три бода, како и денес (вчера). Благодарение на нив останавме во битката за место во Лигата на шампионите“.

Слични содржини