Контроли во казина во Гевгелија, констатирани низа неправилности

од Берта Китинска

На 17.04.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во соработка СВР Струмица и Управата за јавни приходи извршиле контрола во повеќе казина и автомат клубови на подрачјето на Гевгелија.

Од извршената контрола, од страна на УЈП во четири објекти биле констатирани неправилности во однос на водење книга за благајна, неистакнати правила за игра на јавно место, нередовно водење сметководствени книги и неправилности во книгите за дневен промет. Исто така, во едно казино дневниот промет не бил пријавен подолг период, додека во друго казино бил пронајден покер апарат со спорен сериски број.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини