Контроверзна еднојазична табла со албанско знаме поставена во библиотека во Кичево

од Nikola Popovski

Контроверзна еднојазична табла, на која само на албански јазик е напишано „Republika e Shqiperisё“ со знамето на Албанија e поставена во библиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, објави „А1он“.

Некои од вработените и посетителите во Центарот за култура „Кочо Рацин“ реагирале дека станува збор за провокација и за кршење на законите со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние што не го знаат албанскиот јазик, воопшто не може да се информираат за што станува збор.

Директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи, изјавил дека станува збор за грешка, која ќе биде исправена и дека за тоа е надлежна Општината.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полицијата веќе постапува во случајот.

„Преземени се мерки согласно своите надлежности и за случајот е известен Јавен обвинител од надлежното Основно јавно обвинителство“, велат од МВР.

Слични содржини