Контроверзно интервју со Бритни Спирс: „Дојде дома и ме расплака“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Бритни Спирс тврди дека била „приморана“ да го направи контроверзното интервју со Дијана Соер во 2003 година, во кое поп ѕвездата заплака.

Во сега избришаната објава на Инстаграм, поп-ѕвездата се осврна на контроверзниот разговор во кој се расплака откако Соер ја испрашуваше за раскинувањето со Џастин Тимберлејк и ја обвини дека има „проблем со купувањето“.

„Дали се осмелуваме да го заборавиме интервјуто на Дајан Соер во мојот стан од пред речиси 20 години?“, напиша Бритни, додавајќи:

„Што е со пристапот „не си во право, ти си виновна“?? Боже… и ме натера да плачам?

Бритни понатаму тврди дека во тоа време живеела сама во Њујорк и дека „никогаш не разговарала со никого“.

„Мојот менаџер ја стави таа жена во мојот дом и ме натера да разговарам со неа на националната телевизија, а таа ме праша дали имам проблем со купувањето“, продолжи таа, „Кога сум имала проблем со купувањето? Кога никогаш не излегов од мојот стан?”

Минатиот месец Бритни беше ослободена од контроверзното старателство под кое беше речиси 14 години.

Бритни го критикуваше и своето семејство и американската сојузна држава Калифорнија додека ја прославуваше својата нова финансиска слобода пред божиќните празници.

Поп-ѕвездата рече дека е „засрамена“ што на нејзиниот татко Џејми Спирс му било дозволено да ја експлоатира и да го контролира нејзиниот пристап до пари со години.

„Во секој случај, сега можам да имам готовина, па отидов на банкомат и бев толку горда на моите 300 долари… и не, не се срамам да го споделам ова, па можеби малку“, додаде Бритни.

„Но, повеќе ми е срам од моето семејство што го толерирав фактот што не ми дозволуваа да имам готовина толку долго кога работев толку напорно за нив. Се срамам од државата Калифорнија што дозволи татко ми да ме натера да работам исто колку, колку што и тој работеше против мене сите тие години“, рече таа.

Тажна сум за сите нив бидејќи сега ја знам мојата вредност, а тие ме изгубија“, заклучи таа.

Бритни додала дека парите ги искористила за да купи божиќни подароци и на своите придружници им посакала се најдобро за време на празниците.

Слични содржини