Концерт во Британија: 5.000 луѓе без маски и дистанца

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 5.000 луѓе присуствуваа на концерт викендов во Ливерпул, Велика Британија, без маски и без дистанца, на настан што беше организиран како проба за укинување на епидемиолошките мерки.

Концертот во Ливерпул е дел од проектот за тестирање на мерките, како дел од планот на владата за укинување на повеќето ограничувања против коронавирусот на 21 јуни.

Сите во публиката на дводневниот фестивал мораа да направат тест за антиген пред да влезат на местото на одржување на концертот, а ќе бидат тестирани и накнадно.

Сите исто така мораа да ги остават своите податоци за да можат да се следат во случај да се заразат со коронавирус.

Според последните податоци, повеќе од 34 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина против коронавирус во Велика Британија.

Слични содржини