Конвојот на Вилијам и Кејт удри жена

од Vladimir Zorba

Конвојот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беше вклучен во несреќа во понеделникот. Еден од полицајците кој го чувал кралското семејство, удрил 83-годишна жена. Инцидентот се случи кога патуваа во Виндзор.

Според весникот Телеграф, жената по име Ирина Мејер била однесена во болницата во Лондон и е веќе во стабилна состојба.

Вилијам и Кејт се поврзале со семејството на оштетената за да ѝ испратат цвеќиња, а од палатата Кенсингтон излегоа со официјално соопштение за случајот.

“Војводата и војвотката од Кембриџ се многу загрижени за инцидентот што се случи во понеделникот. Кралското семејство испрати честитка за брзо поравување на Ирене и семејството и ќе држат врска со нив за време на целиот процес на заздравување “, се вели во соопштението.

Фото: Ројтерс

Полицијата во Лондон соопшти дека во тек е истрага за случајот, а полицаецот кој ја удрил жената целосно соработувал.

Фото: Ројтерс

Ова е втора автомобилска несреќа заедно со членовите на кралското семејство. Пред пет месеци, принцот Филип бил вмешан во несреќа додека седеше зад воланот. За среќа, нема сериозно повредени граѓани во двата инциденти.

Слични содржини